Медиум


АЛФА



Биографија


Веселин Јевросимовиќ е српски бизнисмен и основач на компанијата „Комтрејд“ која што во 2009 година го доби тендерот за набавка на компјутери за деца во основните училишта во вредност од 11,7 милиони евра.

Во рамките на овој тендер Јевросимовиќ на македонската влада и продаде 55 илјади компјутери за учениците до трето одделение.

Веселин Јевросимовиќ во 2013 година го откупи мнозинскиот пакет акции во скопската телевизија „Алфа“.

Јевросимовиќ има сопственички удели и во компанијата „Графички центар“, инаку еден од сопстениците на групацијата МПМ која што ги издава весниците „Дневник“, „Утрински весник“, „Вест“ и порталот „Телеграф“.



Документи