Медиум


КАНАЛ 5



Биографија


Пред преземањето на телевизијата Канал 5, Вања Гавриловски е директор на Акционерското друштво „Печатница 11 Октомври – Прилеп“, единствената печатница во Македонија која што ги печати банкнотите во историјата на државата.

Освен акциите на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во износ од 2 отсто, сите акционери во оваа друштво се непознати бидејќи, според македонските закони, акционерите со помалку од 5 проценти не се објавуват јавно.

Тимот на „Медиа педиа“ не може да ги докаже шпекулациите дека продажбата на Канал 5 е само формалност и дека Стојменови се уште се де факто „газди“ на телевизијата.

Но, „Медиа педиа“ успеа да пронајде нови врски помеѓу поранешните сопственици и актуелниот сопственик на Канал 5 телевизија. Во јануари годинава порталот НОВА ТВ објави документи кои докажуваат дека во 1999 година, додека Борислав Стојменов е министер за финансии, неговиот син Марјан, неговата снаа која во моментов е државен советник во министерството за правда и Вања Гавриловски отвориле заедничка фирма во офшор дестинацијата Панама во Централна Америка. Фирмата се уште е активна.

„Медиа педиа“ пронајде уште една врска помеѓу Стојменови и Гавриловски. Гавриловски по преземањето на Канал 5 телевизија ја напушта позицијата директор на печатницата „11 Октомври“, но останува во органите на компанијата како член на одборот на директори. Заедно со него член на одборот е и извесна Јелица Псалтирова. „Медиа педиа“ откри дека Псалтирова е директорка на компанијата „Економско биро“ во сопственост на Марјан Стојменов, а во семејните фирми на Стојменови работи континуирано од 1996 година.  



Документи