Медиум


КАПИТАЛ



Биографија


Љупчо Зиков е економски новинар кој долго време плива во новинарските води. Во 2013 година, тој заедно со бизнисменот Минчо Јорданов и со поранешниот лидер на опозициската СДСМ Владо Бучковски ја основаа партијата Алијанса за позитивна Македонија. Зиков беше избран за претседател на партијата, по што се повлече од функцијата уредник на „Капитал“, но остана сопственик на неделникот.

Бизнисменот Минчо Јорданов беше избран за претседател на Советот на Алијансата за позитивна Македонија. Партијата доживеа пораз на парламентарните избори во март 2014 година.

Зиков пред парламентарните избори изјавуваше дека премиерот Никола Груевски не е закана за нивната партија и дека се отворени за коалицирање со сите партии.

Коалицирање не се случи, а по изборите не се познати ниту било какви активности на оваа политичка партија.



Документи