Медиум


ЦЕНТАР ЊУС



Биографија


Порталот не е регистриран во Националниот македонски регистер на портали Марнет, така што на вистинскиот сопственик тешко е да му се влезе во трага. Како и да е, тимот на Медиа Педиа изврши пребарување на интернет користејќи специјални веб апликации кои трагаат по серверите на кои веб страниците се регистрираат. 

На една таква апликација Whois која ги пребарува сопствениците, односно регистрантите на веб страници низ целиот свет го пронајдовме Центарњус, регистриран во Пенсилванија, а како регистрант беше впишано името на Саша Богдановиќ, актуелниот директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.

Тимот на Медиа Педиа се обрати кај директорот и праша дали тој стои зад овој портал, кој освен што е пристрасен кон опозицијата, фокусот во известувањата е ставен на администрацијата на општина Центар, во позитивна конотација. Богдановиќ даде конфузен одговор кој истовремено ги содржеше зборовите „да“, па потоа рече „не знам“, за по неколку секунди да рече „да видиме“ или „на нашите e“, за на крај да испрати порака во која не упатува повторно да провериме каде е регистриран. Имено, тој се послужи со ситна итроштина и ни прати линк во кој не замоли уште еднаш да погледнеме „каде тоа го гледаме така“, а всушност во меѓувреме успеал да ги измени податоците и да го тргне своето име од регистранти. Се разбира, опцијата Google cache овозможува зачувување на овие податоци, а исто така, во интернет просторот оваа регистрација се уште постои на друга страница за што подолу може да се погледне линк од документот. 



Документи