Медиум


МАКТЕЛ



Биографија


Саше Ивановски во новинарската фела се појави пред неколку години на НАША ТВ со неговата емисија „Политико“ во која на соговорниците им поставуваше незгодни и провокативни прашања, па со тоа го привлече вниманието кај јавноста. 

Претходно, Ивановски, како што и самиот преферира да потсетува, додека студирал на Електро-техничкиот факултет во Скопје, работел и во повеќе европски држави (во Грција како берач на тутун и во Англија како берач на целер) и во САД на брод, а потоа, по завршувањето на факултетот решава да се врати на Македонија и да работи како новинар. 

Откако добил отказ од НАША ТВ, Ивановски го отвори порталот „Мактел“. Неуспешен беше неговиот обид за отворање на дневниот весник „Политико“. Овој весник на пазарот излегуваше само една недела, а потоа беше згаснат поради финансиски причини.



Документи