Медиум


МКД МК



Биографија


Според податоците од Централниот регистар, сопственици на Портал Њуз ДОО, изадавачот на Мкд.мк е новинарскиот тим од редакцијата.

Главниот и одговорен уредник Александар Дамовски не фигурира во сопственичката структура, но сепак иницијативата за отворање на порталот е негова и тој раководи со проектот.

Дамовски својата кариера ја почнува во „Млад Борец“. Во периодот од 1996 до 2004 година тој е соосновач, одговорен уредник и директор на првиот приватен дневен весник во Македонија Дневник. Во периодот од 2004 до 2008 година Дамовски е соосновач, директор и главен уредник на „Време“, а потоа главен и одговорен уредник на „Нова Македонија“. Потоа работи како координатор на лабораторија за креативни концепти во Медиа Принт Македонија, додека не го основа порталот Мкд.мк.

 



Документи