Медиум


НОВА МАКЕДОНИЈА



Биографија


Минчо Јорданов e човекот кој годинава беше рангиран прв на листата на најбогатите Македонци која редовно ја подготвува магазинот „Форбс“, а е и на листата на 100-те најбогати на Балканот. Неговото богатство се проценува на 35 милиони евра, а неговите  бизниси се протегаат на повеќе фронтови -од металуршката, па се од винската, здравствената и медиумската индустрија.

Најважен извор на неговите приходи е компанијата „Макстил“, а во сопственост на Јорданов е и клиниката „Ремедика“, ракометниот клуб „Металург“ и винаријата „Стоби“. Во градежната фирма „АД Бетон“ поседува акции во вредност од 2,4 милиони евра. „АД Бетон“учествуваше во изградбата на повеќе поголеи објекти од контроверзниот владин проект „Скопје 2014“. Во винаријата „Стоби“ Јорданов инвестираше 20 милиони евра. Неговото богатство содржи и кланица и повеќе од 4.000 хектари земја.

Јорданов беше член во Економскиот советот на премиерот Љубчо Георгиевски, а потоа и вицепремиер во Владата на СДСМ кога премиер беше Владо Бучковски.

Заедно со Бучковски и со новинарот Љупчо Зиков (косопственик и управител на неделникот „Капитал“ каде што сопственост има и Јорданов) ја формираа Алијансата за позитивна Македонија, која доживеа пораз на парламентарните избори во земјава во април 2014 година.

 

 



Документи