Медиум


ТЕЛЕГРАФ ВЕСТ ДНЕВНИК УТРИНСКИ ВЕСНИК



Биографија


Сопственик на „Телеграф ДООЕЛ Скопје“ е компанијата Медиа принт Македонија ДООЕЛ Скопје (со паричен влог од 1.941.864 евра), која пак е фирма ќерка на Графички центар ДОО Скопје. Трите компании имаат удели во „Графички центар“:

„Мирекс плус ДООЕЛ Скопје“ (Срѓан Керим)

Фирмата „Мирекс плус ДООЕЛ Скопје“ е косопственик на „Графички центар ДОО Скопје“ со паричен влог од 1.714.351 евра.
Сопственик на „Мирекс плус ДООЕЛ Скопје“ е Срѓан Керим.

  kerim
име:      Срѓан Керим
датум на раѓање:     12.12.1948
место на раѓање:     Скопје



Биографија:



- Образование

  • Дипломирал на Факултетот за економски науки во Белград во 1977 година, а во 1982 станува и доктор по економски науки.



- Кариера

  • Професор на катедрата за Меѓународни економски односи во Белград (1972 -1991)
  • Амбасадор на Република Македонија во Сојузна Република Германија (1994 - 2000)
  • Амбасадор на Република Македонија во Швајцарија и во Лихтенштајн (1995 - 2000)
  • Министер за надворешни работи во Владата на Република Македонија (2000 - 2001)
  • Амбасадор на Република Македонија во Обединетите нации во Њујорк (2001 - 2003)
  • Генерален менаџер на „Медиа принт Македонија“ во сопствеништво на германскиот медиумски концерн ВАЦ (2003 - 2012)
  • Претседател на Генералното собрание на Обединетите нации (2007 - 2012)



Забелешка:



Контактите на Срѓан Керим со владејачката партија се и од професионален и од личен карактер.

Имено, Керим не го крие пријателството со директорот на Управата за безбедност и разузнавање (УБК) при МВР, Сашо Мијалков, кој е прв братучед на премиерот Никола Груевски.
Тој во интервјуто за неделникот „Фокус“ на 23 февруари 2010 година ќе изјави оти „точно е дека се дружиме со Мијалков. А зошто да не, јас со него сум се дружел приватно и кога не бил на функција“.

Истражувањето објавено во книгата на Сашо Орданоски „Заробена демократија (2012)“ сликовито прикажува како се зголемуваат и партиските и владините реклами во весникот „Дневник“ (дел од „Медиа принт Македонија“ каде Керим беше генерален менаџер ) откако ВМРО-ДПМНЕ доаѓа на власт по изборите во 2006 година.

Ако во 2005 година во „Дневник“ биле објавени 82 државни и 63 партиски реклами на цела страница, во 2008 година, 24 месеци откако ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт, во овој весник имало 599 државни и 114 партиски реклами.

Наредните години бројот на државни реклами опаѓа, но сепак е двојно или повеќе пати поголем од оној во 2005 година. Интересна е и споредбата за тоа колку партиски огласи биле објавени во „Дневник“ во истиот шестгодишен период. Ако ВМРО-ДПМНЕ имала вкупно 633 реклами, СДСМ останала на 75.

Сликовит е и примерот за предвремените парламентарни избори во 2011 година кога владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ објавила дури 200 реклами во овој весник, а партијата СДСМ само пет.

 „Интернет груп инвестмент - Нови Сад, Србија“ (Веселин Јевросимовиќ)

Интернет груп инвестмент - Нови Сад, Србија“ е косопственик на „Графички центар ДОО Скопје“ со паричен влог од 1.714.351 евра. Целосен сопственик на „Интернет груп - Нов Белград, Србија“ е Среќко Миодраговиќ со основачки влог од 445,3 евра.

Инаку, Миодраговиќ е советник на бизнисменот Веселин Јевросимовиќ во српската компанија „Комтрејд“ и во српската јавност „Интернет груп“ важи за фирма на Јевросимовиќ, а не на Миодраговиќ.

 

  jevrosimovic
име:      Веселин Јевросимовиќ
датум на раѓање:     28.01.1965
место на раѓање:     Белград

 

Биографија:


- Образование

  • Дипломирал менаџмент на американскиот универзитет Флорида. 

- Кариера

  • Еден од сопствениците на компанија која се бавела со дистрибуција на компјутерска опрема во Германија (1986 – 1991)
  • Партнер во раководството на CHS Electronics, најголемиот дистрибутер на компјутерска опрема во светот во тоа време со промет од 12 милијарди долари (1991 - 1996)
  • Ги продал акциите во CHS Electronics и ја основал „Комтрејд груп“ (1996 - ) Претседател на атлетскиот сојуз на Србија (2007- )

 „Орка холдинг АД Скопје (Јордан (Орце) Камчев)

Орка холдинг АД - Скопје“, Човекот зад „Орка холдинг АД“ е Јордан (Орце) Камчев.

 

 kamcev

име:      Јордан Камчев
датум на раѓање:     24.07.1970
место на раѓање:     Скопје

 

Биографија:


Образование

  • Дипломиран економист. 

Кариера

  •  Извршен директор на „Орка холдинг АД“.

Забелешка:

Орце Камчев во јавноста е познат како сопственик на „Орка холдинг“, а како членки на холдингот се врбројуваат ПЗУ Клиничката болница „Аџибадем Систина“, „ОК хотел“ во Скопје и елитниот ресторан за јапонска храна „Сушико“ во скопско Дебар маало. „Орка холдинг“ е акционер во градежната компанија „Бетон штип“, „Стопанска банка“ и во агрокомбинатот „Пелагонија“. Во моментов „Орка холдинг“ учествува во изградбата на хотел од реномираниот бренд „Ибис“ во строгиот центар на Скопје, во непосредна близина.



Забелешка


Интересно е дека токму „Комтрејд груп“ во 2009 година добила тендер од македонското Министерството за информатика вреден 11,7 милиони евра преку кој српската компанија на македонската Влада и продала 55.000 компјутери за децата до трето одделени и за наставниот кадар во основните училишта.

Јевросимовиќ важи близок до македонскиот бизнисмен Жарко Луковски и тоа досега Луковски не го демантираше иако беше објавено во дневниот „Фокус“ на 4 септември 2012 година. Дневниот и неделниот „Фокус“ пишуваа дека Луковски во деведесетите најверојатно бил бизнис партнер на Јевросимовиќ во Скопје, бидејќи и Луковски имал фирма што се вика „Комтрејд“.

Луковски денес е генерален извршен директор на „Т-мобиле Македонија“, фирмата дел од „Т-хоум“ кој пак продава компјутери од фирмата на Јевросимовиќ „Комтрејд“ или скратено „ЦТ компјутери“. Луковски пак е близок пријател на директорот на Управата за контраразузнавање, Сашо Мијалков и прв братучед на премиерот Никола Груевски.

Веселин Јевросимовиќ ја купи и скопската Алфа ТВ од бизнисменот Штерјо Наков кој важи за олигарх близок до сегашната опозиција. Веднаш по промената на сопственичката структура Алфа ја смени уредувачката политика и сега е во редот на провладини медиуми.



Документи