Медиум


БРИФ



Биографија


Како сопственик на порталот „Бриф“ фигурира Илин Николовски, син на пратеничката од СДСМ и член на советот за земјоделие на истата партија, Ленче Николовска.

Николовска иако не фигурира како сопственик на издавачот на „Бриф“, според информациите од новинарските фела, таа е задолжена за главните вести на овој портал. 

Нејзиниот син Николовски е студент на Правниот факултет на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, а во „Бриф“ ја извршува и функцијата управител. Неговото име се содржи во импресумот на порталот, место кое вообичаено е резервирано за новинарите на редакцијата.

Неговата мајка Ленче, пак, во јавноста, освен како пратеничка е позната и како екс-новинарка и водителка во згаснатата А1 телевизија.

Во времето кога сопственикот на А1 Велија Рамковски формираше Партијата за економска обнова (ПЕО), Николовска беше нејзин потпретседател, иако истовремено беше вработена како новинар во телевизијата.



Документи