Медиум


СИТЕЛ



Биографија


Сител телевизија е во сопственост на Горан Ивановски, син на основачот и претседател на Социјалистичката партија на Македонија (СПМ) и бизнисмен Љубисав Иванов – Ѕинго.  Од независноста на Македонија па се до 2012 година тој е пратеник во сите парламентарни состави, а неговата партија е коалиционен партнер во власта со ВМРО ДПМНЕ.

Покрај политичката кариера, Иванов – Ѕинго повеќе од 40 години е директор на Рударско-геолошкиот комбинат „Силекс“ од Кратово, неговото родно место. Од функцијата пратеник Иванов се повлече поради Законот за радиодифузија кој што забранува политичари и носители на јавни функции, како и членови на нивните семејства да поседуваат медиуми.  Иванов – Ѕинго, покрај медиумите и рудниците за јаглен, тој води и други бизниси како производство на минерална вода, трговски компании, банкарски услоги и друго.

Неговиот син Горан Ивановски, покрај тоа што е сопственик и директор на телевизијата, тој е и член на Управниот одбор на АД „Македонски телеком“ во која што 34,8 проценти од акционерскиот пакет е на Владата на Република Македонија.  Ако во 2013 година Владата беше вториот најголем огласувач во земјата, „Македонски телеком“ беше десетти.

Фирмата Монтеко ДООЕЛ, пак, е регистрирана за производство на освежителни пијалоци, минерална вода и друга флаширана вода. 

 



Документи