Медиум


ПУЛС 24



Биографија


Зад сопственоста на овој медиум стои актуелниот заменик-директор на Државната лотарија на Македонија Филип Петровски.

Формално сопственик на порталот е неговиот татко Тихомир Петровски, поранешен директор на Агенцијата за обнова и развој, додека неговиот син Филип се води како управител, но важи за одговорен за овој проект според изјавите на личности инволвирани во работата на порталот, како и негови бизнис соработници. 

 



Забелешка


Филип Петровски во јавноста е познат како човек кој вешто „плива“ со сите влади и партии. Во јавноста станува препознатлив по контроверзните студентски протести од 1997 година кои потоа му носат и место на пратеничките изборни листи на следната влада на ВМРО ДПМНЕ на Љубчо Георгиевски. Од 1997 до 2002 година е член на Извршниот комитет на ВМРО ДПМНЕ. Во 2001 до 2003 тој е Генерален конзул во генералниот конзулат во Њујорк, САД. Во 2005 година станува директор на градската скопска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Во меѓувреме Петровски ја напушта ВМРО ДПМНЕ и преминува во Обединети за Македонија од каде пак излегува за да формира своја партија „Демократска десница“, проект кој се покажува како неуспешен.

Од еден од фротнмените на оваа партија и моментален жесток критичар на владата на Груевски, Петровски многу бргу ја менува страната и повторно се враќа во ВМРО ДПМНЕ.

Во 2012 година е назначен за заменик директор на Државната лотарија на Македонија.  



Документи