Медиум


МЕДИА МК



Биографија


Драган Павловиќ - Латас е главен уредник на информативната програма во телевизија „Сител“ и колумнист во весникот „Вечер“. Со новинарство се занимава од 1980 година.

Во периодот од 1992 до 1996 година бил главен уредник во радиото „Вокс“, а по основањето на неделникот „Фокус“ во 1995 работи и таму како новинар извесен период.

Од 1997 година е на уредничкото столче во „Сител“, а од 2006 до 2012 паралелно беше прв уредник и во весникот „Вечер“.

Од 2002 до 2007 година е генерален секретар на Македонската асоцицијација на новинари, МАН.

Во 2011 година докторирал на приватниот Европски факултет кој е во сопственост на фамилијата Андрески која го поседува и весникот „Вечер“.

Латас како уредник отворено ја поддржува актуелната владејачка гарнитура и тоа од времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше опозиција, пред 2006. Во фокус на неговата работа како уредник на „Сител“ и на „Вечер“ е функционирањето на опозицијата и на критичките медиуми кон власта, популарно наречените „соросоиди“, а Коалицијата „Сексуални и здравствени права на маргинализираните заедници“ во 2011 година поднесе претставка до Комисијата за заштита од дискримианција (КЗД) против Павловиќ-Латас, поради неговата колумна „Знамиња” од 2010 година.

Текстот изобилуваше со формулации како: „педерите се закана за човештвото“; „секој педер треба да носи маица дека сексот со него може да ти донесе СИДА и дека е апсолутна закана за наталитетот“...

КЗД ја отфрли претставката со образложение дека колумната е објавена пред да се формира ова тело, па оттука нема надлежност да постапува.



Документи