Медиум


ПЛУСИНФО



Биографија


Бранко Героски како новинар работи речиси 30 години. Бил новинар во изданијата на НИП „Нова Македонија“. Во 1996 година, заедно со уште двајца колеги, го основа „Дневник“, првиот независен дневен весник во Република Македонија. Негов главен уредник е во следните осум години. Во 2006 година го основа дневниот весник „Шпиц“. Во 2011 година Героски учествуваше во покренувањетоа на дневното издание на „Фокус“, а во октомври 2013 година го покрена дневниот весник „Слободен печат“, чиј главен уредник е и денес.

Героски е раководител на проектот Плусинфо и член на Управниот одбор на Здружението Член 16, кое е издавач на порталот Плусинфо.

Сопругата на Героски, Биљана Илиќ Героска од мај 2011 година е уредник во порталот Плусинфо, а потоа и негов менаџер, во својство на претседател на Управниот одбор на Здружението Член 16.

 



Документи