Медиум


МАКСИМ



Биографија


Александар Спасовски - Сарма е новинар во ТВ Сител, а воедно е заменик уредник на веб порталот на неговата сопруга Славица Арсова Спасовски, Прес 24, која исто така е уредник и новинар во Сител. 

Спасовски во неговите анализи и телевизиски прилози не ја крие наклонетоста кон владејачката структура, а на сметка на тоа, неговата работа изобилува со напади кон опозицијата. 

 

 

 



Забелешка


Иако Спасовски никаде не фигурира како сопственик на веб порталот Максим, во новинарските кругови е познато дека тој раководи со овој портал, а како потврда за тоа служи и фактот што на неговиот профил на Фејсбук пишува дека работи во Максим. 

Спасовски одби да соработува со тимот на Медиа Педиа при изработката на регистарот на медиуми.

Во колумна објавена на порталот Прес 24, тој го оцени овој регистар како „правење држава во држава“, а колумната содржеше голем број неточни и непроверени информации. 

Колумна на Спасовски



Документи