Медиум


ИНФОМАКС



Биографија


Александар Митовски е поранешен член на Обединети за Македонија, партијата на Љубе Бошкоски, кој во 2011 година беше осуден на се­дум го­ди­ни зат­вор за зло­у­пот­ре­ба на па­ри за из­бор­на­та кампања. 

Младиот Митовски во времето кога таа партија беше активна, а Бошкоски на слобода, држеше жестоки прес-конференции во кои премиерот Никола Груевски го нарекуваше „промашен економист“, додека сега на порталот Инфомакс каде што е сопственик пишува колумни во кои ја критикува опозицијата во корист на власта. Под истите колумни се потпишува како директор и основач на Центарот за истражување и анализа, но овој центар не стои како издавач на Инфомакс.

Овој портал ги пренесува и прес конференциите на Владата во живо. Не е познато кога Митовски ги менува своите политички ставови во корист на ВМРО ДПМНЕ, а против опозицијата од која самиот беше дел пред апсењето на Бошкоски. Колумнист во неговиот портал е и Наталија Ивчева, поранешната десна рака на Љубе Бошкоски која јавно излезе на прес конференција и официјално премина во ВМРО ДПМНЕ. Ивчева беше една од луѓето која ги одржуваше најжешките прес конференции на кои се обелоденуваа афери за актуелната власт користејќи се со зборови како „удбашкото раководство на ВМРО ДПМНЕ“.

Порталот Инфомакс се појави непосредно по нејзиното преминување во оваа партија. 



Документи