Фирма основач


Медија принт Македонија (МПМ)

основана од Графички Центар ДОО Скопје



Сопствеништво


Керим, Камчев и Јевросимовиќ
( повеќе детали )



Директор


Срѓан Керим, Јана Станисављева



Уредништво


Главен уредник 

Горан Mихајловски

Помошници на главниот уредник

Снежана М.Ванкова

Марина Костова



Забелешка


На почетокот од овој милениум, во 2000 година триесетина новинари го напуштија „Вечер“ за да го формират Вест, кој следната година премина во рацете на шпедитерската компанија „Фершпед“ и нејзиниот доминантен газда Штерјо Наков. Тој пак во 2003 година 75 отсто од акциите ги продаде на компанијата „Гофи“ во сопственост на бизнисменот Трифун Костовски.

Есента 2003 година германскиот медиумски концерн, ВАЦ покрај на „Дневник“ и на „Утрински весник“, стана сопственик и на „Вест“ кој го процени на два милиона евра.

Германците купија 51 отсто од акциите, додека останатите 49 проценти останаа во сопственост на „Гофи“ со 24 отсто, „Фершпед“ со 15 и уште 10 отсто на двајца новинари во весникот, меѓу кои и главниот уредник Горан Михајловски со 6 отсто од акциите („Заробена демократија“, Сашо Орданоски).

Според книгата „Заробена демократија“, во почетокот на 2012 сите три весници како дел од компанијата Медиа принт Македонија (МПМ) и печатницата Графички центар за 6,9 милиони евра ги купува бизнисменот Орце Камчев.

Потоа тој ја менува структурата, Графички центар ја прави мајка-компанија на МПМ, а вторава застанува зад изданијата „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Македонски спорт“ и зад порталот „Телеграф“.

Набргу потоа во Графички центар влегува српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ, за потоа и Срѓан Керим и во моментов тројцата преку своите компании имаат по една третина од весниците.



Документи


graficki1 graficki2 graficki3