Фирма основач


„Вечер прес“ ДОО



Сопствеништво


Сашо Богдановски
( повеќе детали )



Директор


Бобан Богдановски Андрески



Уредништво


Главен уредник

Ивона Талеска

Заменик на главниот и одговорен уредник

Александра Тимковска

 

 



Забелешка


Во ноември 1963 година излезе од печат првиот број на Вечер како дел од Новинско издавачкото претпријатие „Нова Македонија“ и беше замислен како весник за брзо и кусо информирање.

Во поновата ера зад овој медиум стои фирмата „Вечер прес“ ДОО која е формирана во 2004 година од маркетинг агенцијата „Идеја плус“ и од кавадаречката фабрика „ИГМ трејд“.

Две години подоцна, сопствеништвото го презема семејството на бизнисменот Бојо Андрески, додека во 2011 весникот останува во рацете на само еден член од пошироката фамилија Андрески, Сашо Богдановски кој е брат на зетот за ќерка на Бојо Андрески, Бобан Богдановски Андрески.

Извесен период главен и одговорен уредник во „Вечер“ беше Драган Павловиќ - Латас, кој сè уште истата функција ја извршува во телевизија „Сител“.

Весникот од 2006 година е отворен поддржувач на политиките на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, додека Национална мрежа за борба против хомофобијата и трансфобијата во последниве неколку години обжали неколку содржини (насловни, текстови) на „Вечер“ пред Комисијата за заштита од дискриминација.



Документи


vecer1 vecer2