Фирма основач


Медија принт Македонија

основана од Графички центар ДОО Скопје



Сопствеништво


Керим, Камчев и Јевросимовиќ
( повеќе детали )



Директор


Срѓан Керим, Јана Станисављева



Уредништво


Главен уредник

Соња Крамарска

Помошник на главниот и одговорен уредник

Соња Маџовска



Забелешка


Летото 1999 се појави дневниот весник, Утрински весник, во мнозинска сопственост (51 проценти) на Трифун Костовски и на уште група од пет искусни новинари кои ја напуштија НИП „Нова Македо-нија“ во која, по промената на власта во 1998 г. од СДСМ кон ВМРО-ДПМНЕ, се случија суштествени уредувачки и персонални раководни промени.

Есента 2003 година од „Утрински весник“, кој беше проценет на 3,6 милиони евра, ВАЦ купи 51 отсто од акциите, додека 24,5 проценти останаа кај Трифун Костовски и исто толку, 24 во сопственост на петте новинари.

Според книгата „Заробена демократија“, во почетокот на 2012 сите три весници како дел од компанијата Медиа принт Македонија (МПМ) и печатницата Графички центар за 6,9 милиони евра ги купува бизнисменот Орце Камчев.

Потоа тој ја менува структурата, Графички центар ја прави мајка-компанија на МПМ, а вторава застанува зад изданијата „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Македонски спорт“ и зад порталот „Телеграф“.

Набргу потоа во Графички центар влегува српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ, за потоа и Срѓан Керим и во моментов тројцата преку своите компании имаат по една третина од весниците.

Повеќе за нив може да се прочита во секцијата Истражувања



Документи


graficki1 graficki2 graficki3