Фирма основач


АД Макпетрол



Сопствеништво


Андреја Јосифовски
( повеќе детали )



Директор


Атанас Кировски



Уредништво


Главен и одговорен уредник

Атанас Кировски

Уредник на информативна програма

Сања Васиќ



Забелешка


Телевизијата Телма е во сопственост на Акционерското друштво за трговија со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“. Телевизијата Телма е во сопственост на Акционерското друштво за трговија со нафта и нафтени деривати „Макпетрол“.

Телма има низок рејтинг на гледаност, меѓутоа секогаш важеше за телевизија која се придржуваше до професионалните стандарди и неутрално известуваше за актуелните случувања во земјава.

Ристо Лазаров во јули годинава ја напушти функцијата на главен уредник и директор на Телма, по што на негово место дојде Атанас Кировски кој во јавноста е познат како уредник на весникот Форум и долгогодишен известувач за „Би-би-си“.

Во последниве 17 години уредник на информативната програма во телевизијата беше Емилија Лазаревска, која во октомври 2014 година беше сменета од страна на Кировски и поставена на пониска позиција репортер. За ова имаше реакција од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). ЗНМ побара Кировски да даде сериозно објаснување зошто колешката Лазаревска, која има богато новинарско искуство, е распоредена на работно место кое е предвидено за новинари почетници или новинари со мало искуство. Новинарското здружение сметаше дека оваа одлука е спротивна на Законот за работни односи и Законот за заштита од вознемирување на работно место и е крајно неколегијална. 



Документи