Фирма основач


Монтеко ДООЕЛ, Скопје

Бул. Партизански одреди 99/2-10, Скопје



Сопствеништво


Горан Ивановски
( повеќе детали )



Директор


Горан Ивановски



Уредништво


Главен уредник

Драган Павловиќ-Латас



Забелешка


Телевизијата Сител е втората независна национална телевизија во Македонија основана во деведесеттите години по распадот на Југославија. Уредувачката политика на оваа телевизија опфаќа отворена поддршка за Владата и владејачката партија како и пресметки со нивните неистомисленици, додека за време на избори телевизијата Сител е настроена навивачки кон владејачката партија, а нејзината пристрасност е забележана во извештаите на странските и домашните набљудувачи.

На последните локални избори оваа телевизија се јавува како донатор на партиската кампања на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ со речиси 170.000 евра.

Оваа телевизија е еден од најголемите корисници на владините реклами.

Во 2014 година опозицијата отвори афера поврзана со едно од водечките новинарски имиња во Сител, уредникот и водител Ивона Талевска. Оваа афера ги илустрираше клиенталистичките врски помеѓу власта и медиумите, а се однесуваше на договор со Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема во вредност од 1 милион евра склучен со фирма во сопственост на мајката на Талевска.

Инаку, фирмата Монтеко ДООЕЛ е регистрирана за производство на освежителни пијалоци, минерална вода и друга флаширана вода. 

Тип на концесија: Национална



Документи


Сител1 Сител2