Фирма основач


ПРВА РЕПУБЛИКА ДООЕЛ
Ул. Вељко Влаховиќ бр.22 локал 4, Скопје



Сопствеништво


Сопственикот е непознат
( повеќе детали )



Директор


Доне Доневски



Уредништво


Ненад Мирчевски


Билјана Зафирова



Забелешка


На вистинскиот сопственик на медиумот не може да му се влезе во трага. Основач на фирмата Прва Република ДООЕЛ е фирмата Иресине Лимитед, која пак е регистрирана во даночниот рај и познатата оф-шор дестинација Белизе, мала островска држава на Пацификот близу северноамериканскиот контитнет.

Фирмата „Република ДООЕЛ“ е издавач на неделниот магазин „Република“ и на интернетот порталот Република. Правното друшто, односно фирмата е основана на почетокот на јули 2012 година, додека медиумите почнуваат со работа на 11 септември.

На почетокот од отворањето, во импресумот не можеше да се прочита кој е главниот уредник во медиумите. Па, така на местото главен и одговорен уредник пишуваше „Уредува: уредувачки колегиум“.

Иако „Република“ почнува да работи на 11 септември 2012 година и претставува нов медиуми кој допрва треба да се бори на пазарот, фирмата до крајот на истата година или за само 3 месеци и 19 дена имала приходи над 9 милиони денари или околу 150.000 евра.

Со други зборови, „тазе“ медиумот успевал секој месец да обезбеди приходи од реклами и продажба од речиси 40.000 евра на самиот почеток на своето постоење. Нема издание на неделникот во кое кое ги нема владините реклами. Владата на Република Македонија, ЕЛЕМ, Агенцијата за електронски комуникации, Државната лотарија на Македонија и други, најчесто се застапени со најмалку 5 страници од рекламите финансирани со народните пари, како и банери на онлајн изданието на „Република“.

Повеќе за трагата на вистинскиот сопственик на овој медиум можете да прочитате во секцијата Истражувања.

 



Документи


Република - финансиски извештај Република - тековна состојба страна 1 Република - тековна состојба страна 2