Фирма основач


Друштво за консалтинг и посредување НВСП ДООЕЛ Скопје

Коста Шахов 11, Скопје

 



Сопствеништво


Владислав Стајковиќ
( повеќе детали )



Директор


Емилија Гаврилова



Уредништво


Главен и одговорен уредник:

Дејан Андоновиќ

Музички уредник:

Иван Беќковиќ

Заменик главен и одговорен уредник:

Лазар Темелков

Горан Симоновски

Информативна редакција:

Eлена Шишковска

Јасмина Спасовска



Забелешка


Радиото Слободна Македонија (РСМ) почна со работа во декември 2013 година на фреквенцијата на поранешното радио Равел во Скопје, и на нови фреквенции низ целата држава. Во јавноста важи за медиум кој е близок до владејачката структура. 

Свои емисии во РСМ имаат водителот од Канал 5 Миленко Неделковски, кој во јавноста е познат поради ширење говор на омраза и навредување на неистомислениците со власта. Простор во РСМ за емисии имаат и уредниците и новинарите од Сител телевизија, Славица Арсова Спасовски и Наташа Мерсовска. Седиштето на радиото е во зграда спроти Владата, каде што се наоѓа и седиштето на провладиниот неделник Република.

Директорката на Радио слободна Македонија, Емилија Гаврилова, е сопруга на Горан Гаврилов, директор на радиото Канал 77. Но, иако Гаврилова фигурира како директор во импресумот на веб-страницата на РСМ, во документите од Централниот регистер како директор е впишан 26-годишниот Ристе Здравков. Здравков не е познат за пошироката јавност, но за него може да се прочита во дневниот весник „Вечер“. Во интервју за овој весник, каде што директорува зетот на Бојо Андрески, Бобан Богдановски Андрески, Здравков зборува како актуелен студент на Европскиот универзитет (кој е во сопственост на Андрески), а изјавува дека негов интерес е политиката и е сконцентриран на тоа поле.

               intervju

Повеќе за тоа кој се крие зад радиото Слободна Македонија и колкави приходи остварува може да се прочита во секцијата Истражувања.  



Документи


РСМ 1 РСМ 2