Фирма основач


Репро Принт ДООЕЛ Скопје

16-та Македонска бригада 18, Скопје



Сопствеништво


Минчо Јорданов
( повеќе детали )



Директор


Ратко Лазарески

 



Уредништво


Главен и одговорен уредник

Александар Димковски

Заменик на главниот и одговорен уредник

Марјан Велевски

Помошници на главниот и одговорен уредник

Игор Даниловиќ,  Владимир Николовски

Уредници:

Горан Манчевски, Бисерка Велковска Блажева, Жарко Василевски, Весна Дамчевска,  Роберт Митевски

Уредник на фотографија:

Игор Бансколиев



Забелешка


Ребрендираната Нова Македонија на пазарот се појави во 2008 година, кога весникот беше купен од бизнисменот Минчо Јорданов. Во редакцијата во тој период работеше тимот кој премина од дневниот весник „Време“. Две години подоцна, голем број новинари ја напуштија редакцијата, а на десетина новинари и уредници не им беа продолжени договорите.

Во меѓувреме, редакцијата ја напуштија двајца уредници (Александар Дамовски и Зоран Андоновски), по што функцијата ја презеде поранешниот уредник од Дневник Зоран Димитрoвски. Тој доби отказ во февруари 2014 година поради наводно „непридржување до професионалните принципи на новинарството, наметнување лични ставови и ставови на одредени интересни групи, пласирање информации што не ја одразуваат фактичката состојба, вистината, манипулации, како и неодговорност кон граѓаните и јавниот интерес“.

На ова реагираше Здружението на новинари на Македонија, а Димитровски изјави дека станувало збор за мешање на сопственикот во уредувачката политика на медиумот.

Инаку формалниот сопственик на Нова Македонија, оф-шор компанијата Репро Оне Лимитед од Британските Девствени острови е во целосна сопственост на бизнисменот Минчо Јорданов.

 



Документи


Тековна состојба Нова Македонија1 Тековна состојба Нова Македонија2 Тековна состојба Нова Македонија3