Фирма основач


НЕТ ПРЕС КОМ ДООЕЛ
Ул. Иво Лола Рибар 59, Скопје



Сопствеништво


Сопственикот е непознат
( повеќе детали )



Директор


Лидија Станчевска



Уредништво


Главен и одговорен уредник:

Дејан Николовски

Редакција:

Непозната



Забелешка


Основач на информативниот портал Нетпрес е Дејан Николовски, поранешен уредник и новинар во дневниот весник „Дневник“, а потоа и во „Време“. Николовски пред одредено време ја продава компанијата „Нет прес ком ДООЕЛ“ на фирмата „Финзи ДООЕЛ“.

Сопствеништвото на „Финзи ДООЕЛ“ е нејасно, со оглед на тоа што компанијата е ќерка на истоимената ФИНЗИ ЛЛЦ со канцеларија во САД, а регистрирана на Кипар. Николовски одби да каже кое е лицето кое стои зад сопственоста на порталот Нетпрес и во смс порака ни посочи дека „името на новиот газда му е онака како што го крстил кумот“.

Од неодамна, веб порталот „Нетпрес“ се поднови и со ТВ Вести, но не се знаат имињата и презимињата на оние кои што ги читаат прилозите. 

Податоците за компанијата Финзи ДООЕЛ се поврзува и со Владислав Стајковиќ, кој е директор на „Мобико ДООЕЛ“ а сопственик е Жарко Луковски, извршниот директор на Т-мобиле Македонија и близок пријател на директорот на УБК Сашо Мијалков. Фирмата на Стајковиќ, НВСП ДООЕЛ воедно е сопственик на новото Радио Слободна Македонија, каде што свои емисии имаат водителот од Канал 5 Миленко Неделковски, Весна Бејби Петрушевска како и новинари од Сител ТВ.

Повеќе за врските на Финзи ДООЕЛ со актуелните бизнис моќници може да се прочита во секцијата Истражувања.



Документи


Тековна состојба Финзи ДООЕЛ 2 Тековна состојба Финзи ДООЕЛ 1 НВСП - тековна состојба страна 1 НВСП - тековна состојба страна 2 Радио Слободна Македонија - страна 1 Радио Слободна Македонија - страна 2