Фирма основач


Капитал Медиа Гроуп ДОО

Бул. Партизански Одреди бр. 17-1/16, Скопје



Сопствеништво


Љупчо Зиков / Минчо Јорданов
( повеќе детали )



Директор


Љупчо Зиков

 



Уредништво


Одговорен уредник

Биљана Здравковска Стојчевска



Забелешка


Капитал е македонски економско – деловен неделник. Првиот број излезе во септември 1999 година.

Според документите од Централниот регистар, како сопственици на издавачот на неделникот (Капитал Медиа Гроуп) фигурираат две лица и две фирми – новинарот Љупчо Зиков, Гордана Стојановска – Ицевска, РЕПРО ОНЕ Лимитед АД Тортола од Британските Девствени острови и Друштвото за производство, трговија и услуги Камбурис и Барба ДОО Скопје.

Според документите од 2007 година од  словенечкиот инвестициски фонд „Илирика“, зад оф-шор компанијата Репро Оне Лимитед стои бизнисменот Минчо Јорданов. Оваа компанија е основач и на издавачот на дневниот весник „Нова Македонија“.

Другата фирма, основач на Капитал Медиа Гроуп е „Камбурис и Барба“ ДОО Скопје. Документите покажуваат дека сопственици на оваа компанија се брачниот пар Зикови, Љупчо Зиков и неговата сопруга Ленче.

Компанијата е основана во 2002 година и главна дејност ѝ е организација на состаноци и деловни саеми. 



Документи


кап1 Кап2 Кап3