Фирма основач


Канал 5 ДООЕЛ Скопје

Скупи бб, Скопје



Сопствеништво


Вања Гавриловски
( повеќе детали )



Директор


Иван Мирчевски



Уредништво


Главен уредник:

Лидија Богатинова



Забелешка


Основач на телевизијата Канал 5 во 1998 година беше пратеникот и претседател на поранешната партија ВМРО Македонска (сега соединета со ВМРО ДПМНЕ) Борис Стојменов.

Во 1999 година Борислав Стојменов стапува на функцијата министер за финансии во Владата на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Љубчо Георгиевски. Стојменов е дел од неколку последователни пратенички состави во македонскиот парламент.

Поради неспоивост на политичката функција и сопственоста на медиум, Стојменов подоцна телевизијата ја препишува на неговиот син Емил Стојменов. Но, под притисок на Советот за радиодифузија кој, пак, под притисок на меѓународната заедница, почнува да инсистира на доследно спроведување на Законот за спречување судир на интереси кој што забранува не само функционери, туку и членови на нивните семејства да поседуваат медиуми, Емил Стојменов за непозната сума во 2012 година ја продава Канал 5 на Вања Гавриловски.

Борис Стојменов, освен во политиката и медиумите, заедно со своите синови Емил и Марјан е присутен во банкарскиот бизнис и финанскискиот консалтинг, како и во хотелиерството.

Тип на концесија: Национална



Документи


Kanal 5 - 1 Kanal 5 - 2 Kanal 5 - 3