Фирма основач


Друштво за истражување, анализа и маркетинг ЦИА ДООЕЛ
Ул.Мајски манифест 8, Скопје



Сопствеништво


Александар Митовски
( повеќе детали )



Директор


Александар Митовски



Уредништво


Непознато



Забелешка


На веб страницата на порталот Инфомакс не можат да се најдат податоци ниту за сопственоста, ниту пак за уредништвото и новинарите кои работат таму.

Tимот новинари на „Медиа Педиа“ се послужи со трик за да открие која фирма стои зад овој медиум. Креиравме и-меил адреса и испративме порака на адресата што е поставена како контакт за Инфомакс. Се претставивме како раководители на проект, пишувајќи им дека стартуваме кампања и дека би сакале да се рекламираме на нивниот портал. Од Инфомакс ни испратија фактура со 

цена од 30.000 денари за реклама од една недела, заедно со банкарската сметка на која бараат да им се уплатат средствата.

Сметката не однесе до правното лице – сопственик на истата, односно Друштво за истражување, анализа и маркетинг ЦИА ДООЕЛ.

ЦИА ДООЕЛ или Центар за истражување и анализа ДООЕЛ, покрај издаваштвото на интернет портали се занимава и со правење анкети. Во ноември 2013 година објавија анкета каде што заклучокот беше дека лидерот на ВМРО ДПМНЕ и актуелен премиер Никола Груевски има двојно поголем рејтинг од лидерот на најголемата опозициска партија СДСМ Зоран Заев.

Колумнист во Инфомакс е и Наталија Ивчева, поранешната „десна рака“ на екс-лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, кој во моментов издржува казна завтвор. Исто како и Ивчева, и Матовски е нејзин поранешен сопартиец од редовите на Обединети за Македонија. Ивчева ни изјави дека нема никаква допирна точка со сопствеништвото на Инфомакс и дека е ангажирана само околу пишувањето колумни, бидејќи смета дека овој веб портал нема никаква политичка позадина. 



Документи


Инфомакс - тековна состојба страна 1 Инфомакс - тековна состојба страна 2