Фирма основач


ГМ Трејд Солушнс ДООЕЛ Скопје

Ул. Рилски Конгрес 20/1-4, Скопје



Сопствеништво


Горан Митев
( повеќе детали )



Директор


Слободан Меноски



Уредништво


Непознато



Забелешка


Телевизијата ХДТВ Мега претходно зрачи како ТВ Боем со седиште во Кичево. Пролетта, во 2013 година телевизијата се стекнува со регионална концесија и оттогаш нејзината програма можат да ја следат граѓаните од Кичево, Битола, Ресен, Македонски брод, Прилеп, Крушево, Осломеј и други помали места во околината. 

Прв сопственик на оваа телевизија е Слободан Меноски од Кичево кој и по преземањето во мај 2013 година од страна на скопската фирма ГМ Трејд Солушнс, тој останува да ја извршува функцијата директор.

„ГМ Трејд Солушнс“ е формирана на 17 мај или во истиот ден кога се формирани фирмите „Емперијон Визион“ и „ДМТ Продакшн“. Секоја од овие три фирми откупува идентичен број локални телевизии (по две) само десетина дена по формирањето во различни региони во земјата.

Сите телевизии набрзо добиваат регионални концесии.Покрај ХДТВ Мега, во сопственост на ГМ Трејд Солушнс е и кичевската делчевската ТВ Д1 која што наскоро треба да добие ново име ХДТВ Мега Плус. 

Тип на концесија: Регионална

Повеќе за начинот на кој е купена оваа телевизија може да се прочита во секцијата Истражувања



Документи