Фирма основач


Медиа Плус Фокус ДООЕЛ

Бул. Св. Климент Охридски 54-2/1, Скопје



Сопствеништво


Јадранка Костова
( повеќе детали )



Директор


Младен Чадиковски



Уредништво


Главен уредник

Јадранка Костова

Одговорен уредник

Зоран Димитровски

Дипломатски уредник

Александар Димитров

 



Забелешка


Првиот број на неделникот Фокус излезе во јуни 1995 година. Со неделникот раководеше Никола Младенов, кој под сомнителни околности загина во сообраќајна несреќа во март 2013 година. Смртта на Младенов остави многу отворени прашања, особено околу начинот на кој се водеше истрагата за да се утврдат причините за смртта.

По пауза од неколку месеци по загинувањето на Младенов, со неделникот продолжија да раководат неговите колеги.

Фокус отсекогаш бил познат како неделник кој е остар критичар на секоја власт. Оттаму, редакцијата е честа „мета“ на владејачките структури. Последен таков случај беше тужбата што директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање Сашо Мијалков ја поднесе против Јадранка Костова и новинарот Владо Апостолов за нарушен углед.

Двајцата беа осудени на казна од вкупно 9.300 евра, пари кои беа собрани од донации од колегите и од граѓаните преку Солидарниот фонд на Здружението на новинари на Македонија. 



Документи


Fokus 1 Fokus 2