Фирма основач


Медија принт Македонија

основана од Графички центар ДОО Скопје

 



Сопствеништво


Керим, Камчев и Јевросимовиќ
( повеќе детали )



Директор


Срѓан Керим, Јана Станисављева



Уредништво


Главен уредник  

Дарко Јаневски

Заменик на главниот и одговорен уредник

Антонио Спасев

Помошник на главниот и одговорен уредник

Бранко Ѓоргевски



Забелешка


Зад трите фирми сопственици на Графички центар ДОО, стојат бизнисмените Орце Камчев, Србинот Веселин Јевросимовиќ кој ги поседува и мнозинството акции во ТВ Алфа и поранешниот министер за надворешни работи и амбасадор во Германија,Срѓан Керим

Сопственици на Графички центар ДОО се:

Орка Холдинг АД Скопје,

Интернет инвестмент гроуп ДООЕЛ Скопје,

Мирекс плус ДООЕЛ Скопје


Дневник е првиот успешен обид да се направи дневен весник независен од социјалистичкиот концерн на НИП „Нова Македонија“. Првиот број на весникот се појави во март 1996, а основачи на весникот беа новинарите Миле Јовановски,Бранко Героски и Александар Дамовски.

Весникот во наредните години достигна тиражи од по 70.000 примероци, стана косопственик на печатница и формираше дистрибутивна мрежа. Есента 2003 година германскиот медиумски концерн ВАЦ за 5 милиони евра купи речиси 82 отсто од акциите во „Дневник“, а Германците го купија и мнозинскиот пакет во „Вест“ и во „Утрински весник“. Според книгата „Заробена демократија“, во почетокот на 2012 сите три весници како дел од компанијата Медиа принт Македонија (МПМ) и печатницата Графички центар за 6,9 милиони евра ги купува бизнисменот Орце Камчев.

Потоа тој ја менува структурата, Графички центар ја прави мајка-компанија на МПМ, а вторава застанува зад изданијата „Вест“, „Дневник“, „Утрински весник“, „Македонски спорт“ и зад порталот „Телеграф“.

Набргу потоа во Графички центар влегува српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ, за потоа и Срѓан Керим и во моментов тројцата преку своите компании имаат по една третина од весниците.

Бизнисменот Орце Камчев како што и самиот често изјавуваше во јавноста, е близок пријател до шефот на тајната полиција и прв братучед на премиерот Никола Груевски, Сашо Мијалков

Од друга страна, Веселин Јевросимовиќ во македонската јавност претходно беше познат по договорите со Владата вредни десетици милиони евра за набавка на компјутерска опрема.

Со промената на сопственоста во МПМ, настапија и промените во уредувачката политика. Во последниве години во Дневник се променија неколку уредници,за во моментов дневниот весник отворено да ја покажува својата наклонетост и поддршка за владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ. 

Весникот исто така се вклучи во отворени јавни пресметки со неистомислениците на владејачката партија и често дискредитира критички новинари, граѓански активисти, припадници на опозицијата и дипломати. 

Претпоследниот главен и одговорен уредник Зоран Андоновски се повлече од функцијата во нејасни околности. Неговото повлекување јавноста го поврзува со скандалот кога во последен момент, од печатница беше повлечен текстот што се однесуваше на штрајкот на лекарите и беше покриен со реклама, без знаење на уредништвото. 



Документи


graficki1 graficki2 graficki3