Фирма основач


Непозната



Сопствеништво


Сопственикот е непознат
( повеќе детали )



Директор


Непознат



Уредништво


Уредништвото на овој портал не е познато.

 

Авторите не се потпишуваат на текстовите, а не постои ниту јавно објавен импресум. 



Забелешка


Центарњус е медиум кој на македонскиот интернет простор се појави пред локалните избори во април 2013 година. Порталот е пристрасен кон опозицијата, а содржините не ги задоволуваат професионалните новинарски стандарди на известување.

Порталот не е регистриран во Националниот македонски регистер на портали Марнет, така што на вистинскиот сопственик тешко е да му се влезе во трага. Како и да е, тимот на Медиа Педиа изврши пребарување на интернет користејќи специјални веб апликации кои трагаат по серверите на кои веб страниците се регистрираат.

На една таква апликација Whois која ги пребарува сопствениците, односно регистрантите на веб страници низ целиот свет го пронајдовме „Центарњус“, регистриран во Пенсилванија, а како регистрант беше впишано името на Саша Богдановиќ, актуелниот директор на ЈП Паркинзи на општина Центар.



Документи


Регистрација Центарњус