Фирма основач


Алфа Скоп ДОО Експорт Импорт Скопје

основана од АД Европа, АД Макошпед, Технометал Вардар, ЦХС Инвест Гроуп ДООЕЛ



Сопствеништво


Веселин Јевросимовиќ
( повеќе детали )



Директор


Симонида Кажиќ

 



Уредништво


Главен и одговорен уредник

Коле Чашуле



Забелешка


Телевизијата Алфа почна да емитува програма во 2008 година. Мнозински сопственик во тоа време беше бизнисменот Штерјо Наков преку компанијата „Фершпед“, бизнисмен кој се смета за близок до опозицијата. Во септември 2013 година српскиот бизнисмен Веселин Јевросимовиќ преку својата македонска компанија ЦХС Инвестмент откупи 56 проценти од акциите на телевизијата „Алфа“.

Веднаш по преземањето, се случуваат и првите промени во редакцијата кога се објави информацијата дека новинари од провладините медиуми „Вечер“ и „Сител“, како и новинари од јавниот сервис МТВ преминуваат да работат во телевизијата „Алфа“. Шпекулациите дека се подготвува превземање на телевизијата од бизнисмени блиски во владејачката партија започнуваат уште на почетокот на 2013 година, односно за време на локалните избори во 2013 година кога оваа телевизија се јавува како еден од донаторите на кампањата на владејачката партија ВМРО ДПМНЕ со донирани средства во износ од 78 илјади евра.

Паралелно со новинарските и уреднички смени, се промени и уредувачката политика на телевизијата која претходно важеше за една од ретките критични „меинстрим“ телевизии.

Од програмата на телевизијата беше симната политичката дебатна емисија „Вин-Вин“ на новинарката Оливера Трајковска, а јавноста никогаш не доби објаснување од кои причини се прекинува проектот.

Една од позначајните илустрации е и пристапот до владините реклами. Имено, телевизијата Алфа по преземањето од новиот мнозински сопственик започна да добива масивен број од колачот наречен владини реклами, односно во моментов оваа телевизија има најголем број емитувања на овие реклами, кои неретко надминуваат и по 10 пати повеќе емитувања од останатите телевизии и покрај тоа што нејзиниот рејтинг е се уште помеѓу најслабите од телевизиските станици. 



Документи


алфа1 алфа2 алфа3